
Него, тркиве со мотори по булевар Србија, Јане Сандански и В.С. Бато, влагаат у листа на FIM? Медаљи за сељаштво исто треба да се даваат… – ова е само еден од многуте статуси на фејсбук за трките по скопските улици. Ноќните часови се омилено време на љубителите на брзото возење.Отсега не е фејсбук местото за поплака. Ќе можете да предложите сообраќајна контрола на веб страницата на МВР. За засегнатите состојби во сообраќајот потребно ќе биде само да ја пријавите локацијата и временскиот период а полицијата веднаш ќе ја проследи забелешката. По патролата на терен граѓаните ќе бидат известени за преземените мерки и изречени санкции.
Статистиката на МВР покажува дека годинава се регистрирани 4% повеќе прекршоци. Во првата половина од 2014 се регистрирани 73 152 прекршоци по патиштата низ земјава од кои најголем дел се направени во Скопје. Најчесто возачите се казнувани за брзо возење, непрописно запирање и паркирање, за нерегистрирани возила, управување без дозвола а голем број казни се изречени и за пијани возачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фатална грешка: Мислеше дека трката заврши,па славеше медал, a не го истрча последениот круг
-
Утре пренасочување на сообраќајот до Средно Водно поради атлетска трка
-
Во Скопје се трча во сите годишни времиња: Почнува пријавувањето за Скопје трча 10КМ
-
Пред Школка во Градски парк во Скопје хуманитарна трка за деца со Даунов синдром


