Мајката на бебето кое загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи утринава кај местото викано Арсова лака, Демир Капија е во критична состојба. Таа има повреди на вратот. Според Здравство 24, на КАРИЛ е сместен и 24 годишниот чичко на бебето кој е со повреди на градниот кош. 5 годишното братче има скршена нога и е на Детска хирургија.
Министерката за внтрешни работи Гордана Јанкулоска денеска изјави дека во двете возила со српски регистарски таблици имало осум патници од кои три биле во Форд Фиеста, а пет биле во Шкода Фабија.
– Увидот е направен од страна на јавен обвинител од Кавадарци и во соработка со увидната екипа од полициската екипа од полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во Неготино. Во моментов сообраќајот на овој потег се одвива нормално меѓутоа беше неопходно за одреден период утрово да биде запрен, посочи Јанкулоска.
Шест од седумте тешко повредени пациенти од тешката сообраќајна несреќа првично биле пренесени во Велешката болница, а оттаму поради сериозноста на повредите биле препратени во Скопје, додека осумесечното бебе починало на пат кон Велешката болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


