| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку десетмнина загинати при израелски напад врз парк во Газа

MIDEAST ISRAEL PALESTINIAN AIRSTRIKES

Началникот на палестинската брза помош Ајман Сахабани изјави дека најмалку десет луѓе загинаа, а 46 се повредени при израелскиот воздушен напад врз еден парк во Газа.

Паркот се наоѓа во близина на најголема болница во Појасот Газа. Вработените во болницата тврдат дека израелска ракета денеска погодила една зграда од комплексот.

Во нападот е погодена зградата која се наоѓа во близина на главниот влез на болницата Шифа, тврдат болнички извори, а на репортерите им е забрането да снимаат.

Израелската армија не го коментира нападот.

Во меѓувреме, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун апелираше за итен прекин на насилството во Газа, предупредувајќи оти е критична состојбата во палестинската територија.

– Во име на хуманоста, насилството мора да престане, изјави Бан во Њујорк по враќањето од посетата на регионот.

Тој наведе дека препрека за завршување на судирите  меѓу Израел и Хамас е политичката волја.

– Тоа е работа на нивната политичка волја. Тие мораат да покажат хуманост како лидери и едните и другите, и израелските и палестинските. Зошто лидерите го наведуваат својот народ да го убива другиот народ. Тоа не е одговорно, тоа е морално погрешно, посочи Бан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top