| четврток, 6 декември 2018 |

Делови од Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров утре без струја

Од 8 до 9 часот утре без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од булеварот „АСНОМ“, како и полициска станица Ново Лисиче.

Во периодот од 8.30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од патот за населбата Радишани и улицата „Бутелска“.

Од 9.30 до 11.30 часот струја ќе немаат и корисниците од дел од улицата „Црногорска“, дел од корисниците од улицата „Љубин“ и дел од улицата „Александар Македонски“.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекините во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати од страна на ЕВН Македонија АД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top