| четврток, 6 декември 2018 |

Боки 13 нов менаџер на „Некст тајм“ и на Наташа Беквалац

Македонскиот шоумен Бојан Јовановски – Боки 13, заедно со српската текстописка Марина Туцаковиќ отворија продукциска куќа во Србија, каде покрај момците од „Некст тајм“ заштитно лице ќе биде и пејачката Наташа Беквалац.

Кариерата на близнаците Стефан и Мартин од „Некст тајм“ досега ја водеа неколку македонски естрадни менаџери меѓу кои и Јован Јованов и Кристијан Стефановски, а сега се во рацете на шоуменот Боки 13, пишува „Убавина и здравје“.

Тие веќе ја снимија и првата песна на српски јазик,  а минатата недела  премиерно ја промовира во шоуто на Огнен Амиџиќ.

Со Боки имаме големи планови. Веќе го подготвуваме нашиот албум на српски јазик, а за да може Боки подобро да не промовира во српските медиуми решивме од октомври јас и брат ми да се преселиме во Белград – изјави Стефан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top