| четврток, 6 декември 2018 |

Еден загинат, тринаесет повредени при удар на гром на плажа (ФОТО)

Едно лице загина, а најмалку 13 други се повредени, од кои две тешко, од удар на гром за време на летна бура во северниот дел на Калифорнија, соопштија локалните власти.

venice-beach

Портпаролката на противпожарата служба на Лос Анџелес, Кетрин Мејн изјави дека 13 лица се примени во болница по удар на гром на плажа во градот.

venice-beach (2)

Неколку лица биле погодени од гром додека биле во вода, а неколку на плажа. Дваесетгодишен маж подоцна починал во болница.

Гром погоди уште едно лице на терен за голф на островот Каталина.

usa-lightning

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top