| четврток, 6 декември 2018 |

Седма жртва од грип во Македонија

свински грипШеесет и петгодишна жена е седма жртва на грипoт сезонава. Како што информираат од Инфективната клиника кај починатата е потврдено присуство на вирусот од типот А (Х1Н1).

Починатата со тешка билатерална бронхопневмонија, спаѓала во ризична група пациенти, со претходни срцеви заболувања и хипертензија. Била хоспитализирана на 21-ви овој месец, во тешка општа состојба со масивна бронхопневмонија и лекувана е во единицата за интензивна нега, каде биле преземени сите мерки за лекување критично болен пациент. Но и покрај преземените мерки за интензивно лекување, денеска состојбата и се влошила и констатирана е смрт.

На Инфективната клиника, дневно има околу сто амбулантски прегледи, а во моментов еден пациент е хоспитализиран на одделот за интензивно лекување.

Во последната недела, односно од 18 до 24 февруари е забележан зголемен број на заболени од грип. Регистрирани се 2.959 лица со симптоми на грип, што е зголемување од 12,5 проценти во оснос на претходната седмица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top