Авион на руската армија МиГ-29 утрово се урна во близина на градот Астрахана, во јужниот дел на европска Русија, соопшти Военото воздухопловство на Русија.
Генерал Виктор Бондарев изјави дека при падот на авионот загинал пилотот.
– Военото воздухопловство на Русија во моментот спроведува истрага за несреќата, а според прелиминарните податоци, авионот ловец се урнал поради механички дефект – посочи генерал Бондарев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



