| четврток, 6 декември 2018 |

По ребалансот на Буџетот: Од Нова година ќе се зголемат и пензиите

penzioneri_5

Владата на синоќешната седница го усвои ребалансот на Буџетот и го достави до Собранието на Република Македонија. Се работи за мини-ребаланс кој изнесува околу 2 отсто од вкупните приходи и расходи.

Oва го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Тој посочи дека за разлика од некои земји, од Србија и Португалија кои ја намалија платата за 10 проценти, во Македонија не само што ќе нема намалување на платите и пензиите, туку напротив октомвриската плата на јавната администрација ќе и биде зголемена за 5 проценти како што беше најавено, а по Нова година ќе следи и зголемување на пензиите.

Ставрески потенцираше дека ребалансот се прави за да се усогласи динамиката на раелизација на расходите која, како што кажа, беше подобра од предвидувањата посебно во делот на инфраструктурата, со динамиката на приходната страна.

– Со ребалансот ќе се обезбедат дополнителни средства за реализација на инфраструктурни проекти, а буџетскиот дефицит ќе оствари благо зголемување од 3,5 на 3,9 проценти од БДП, истакна Ставрески.

Тој простор, нагласи, ќе го искористиме за дополнување на средства од околу милијарда и 43 милиони денари со кои, додаде, ќе се обезбеди поинтензивна изградба на Коридорот 10, а ќе има и дополнителни средства и во делот на социјалните примања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top