Според планираното, тендерот за изведувач ќе се распише веќе наредната недела, а до октомври општина Чаир ќе ја избере и градежната компанија која ќе го изведе и овој дел од плоштадот. Планот за премостувањето на булеварот „Гоце Делчев“ е направен од бирото „Урбан стил инженеринг“. Рокот за изведба на премостувањето е една година.
Вкупната површина на плоштадот „Скендербег“ ќе изнесува 28.674 метри квадратни на кои ќе има фонтана, урбана опрема, клупи и амфитеатар пред платото на Даутпашиниот амам. Околу 30 отсто од површината на плоштадот ќе биде хортикултурно уредена.
Предвидено е во последната етапа да се изгради и подземен паркинг на две нивоа, со што ќе се реши проблемот со паркирање во кругот на скопската чаршија. Идејното решение за плоштадот „Скендербег“ е на бирото „Архинг Груп“.
Првата фаза од овој проект, платото над комплексот дуќани на улицата Казанџиска во склоп на чаршијата, е веќе готов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





