| четврток, 6 декември 2018 |

Стоп за агресијата во Газа – мирен протест во Скопската чаршија

podrska-za-gaza-1

Порака „Стоп за агресијата во Газа“ денеска на мирен протест во Старата скопска чаршија група демонстранти испратија до меѓународната заедница и до властите во Израел. Поворката се движеше низ чаршијата, а целата патека имаше фотографии од Израел, од деца и од жртви.

podrska-za-gaza-3

Протестот траеше еден час, а почна со молитва. Зад протестите стои исламскиот активист во Македонија, Јасмин Реџепи, кој го нагласи својот револт од геноцидот во Газа, каде што, како што вели, гинат единствено цивили. Тој се надева дека набрзо пак ќе се организира хуманитарен конвој со помош за Газа, кој, најверојатно, ќе тргне од Истанбул.

podrska-za-gaza-6

Поворката беше запрена на излез од Старата скопска чаршија од страна на полицијата, при нивниот обид да дојдат кај Музејот и Меморијалниот центар на холокаустот.

podrska-za-gaza-4

podrska-za-gaza-2

Фото: Ѓ. Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top