| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов се сретна со шефицата на италијанската дипломатија (ФОТО)

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ја прими  Федерика Могерини, министер за надворешни работи на Италијанската Република. На средбата беа разменети мислења за билатералните односи помеѓу Република Македонија и Италијанската Република, политичката и економската соработка, како и за состојбите во врска со интеграцијата на Република Македонија во Европската унија и НАТО.

iv

Претседателот Иванов, посакувајќи успешно претседавање на Италијанската Република со Европската унија, се заблагодари за досегашната италијанска поддршка за интегрирањето на Република Македонија во европските и евро-атлантските структури, и изрази надеж дека истата ќе продолжи и во иднина. Во тој контекст, италијанската министерка беше запознаена со статус-кво состојбата на Република Македонија, која е блокирана и во ЕУ и во НАТО, и за разговорите за разликата околу името, како и за проактивниот и конструктивен пристап на нашата земја во унапредувањето на добрососедските односи.

iv1

Во однос на јакнењето на регионалната соработка, претседателот Иванов истакна дека Република Македонија од Италијанската Република очекува поддршка и во настојувањата за членство во Јадранско-јонската иницијатива.

Министерката Могерини, истакна дека Италијанската Република како претседавач со Европската унија дава целосна поддршка по однос на евро-атлантските интеграции на Република Македонија, додавајќи дека проширувањето останува високо на агендата на италијанското претседателство. Таа ја истакна подготвеноста на Италијанската Република да помогне во интеграцијата на земјите од регионот во Европската унија и во НАТО и изрази надеж дека за време на шестмесечното претседателство ќе биде направен чекор напред во интеграцијата на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top