| четврток, 6 декември 2018 |

Ветерниците во вкупното производство на струја учествувале со 1,4 проценти

Veternici

Во април годинава во Република Македонија првпат е регистрирано производство на електрична енергија од ветерни електрични централи, коешто во мај учествува со 1,4 проценти во вкупното бруто-домашно производство на електрична енергија, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во мај годинава во Македонија е евидентирана вкупна потрошувачка од 639.152 мегават-часови eлектрична енергија, 3.400 милиони нормални кубни метри природен гас, 643.654 тони јаглен и 72.709 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 72 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, а 96,4 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top