Во скопската општина Кисела Вода беа доделени 41 ваучер на семејствата кои добиле новороденче.
Бројот на родители кои досега добија еднократна парична помош од општината е 577, истакна градоналничката Билјана Беличанец Алексиќ, ветувајќи им на присутните дека напорите што оваа локална самоуправа ги прави за да ги обезбеди најдобрите можни услови за раст и развој на новите жители на општината ќе продолжат со засилена динамика.
– Се надеваме дека и со оваа скромна помош од 6.000 денари која денеска ја доделуваме за 41 новороденче, од кои 24 се машки, а 17 женски, ќе ви излеземе во пресрет за оние први потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето – рече Беличанец.
Критериумите кои се потребни за добивање на еднократна парична помош на семејствата со принова се следните: и двата родитела да се со живеалиште на територијата на општината Кисела Вода и заедно со барањето да достават на увид и важечки документ за идентификација, односно една во случај на самохран родител, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка.
Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.