Лепа Брена ја објави првата фотографија на која е заедно со семејството во болница. Рацете и се во гипс, а покрај неа е сопругот Бобан Живоиновиќ и нивните синови.
Претходно беше објавено дека Лепа Брена утрово доживеала сообраќајна незгода на пат кон Макарска, каде што требало да настапи на два распродадени концерти вечерва и утре во дискотеката „Петар Пан“.
Агентот на пејачката потврдил дека Брена имала несреќа во која добила тешки телесни повреди, скршени ѝ се двете раце и моментално се наоѓа на операција во специјалната болница во Ловран.
Во меѓувреме српските медиуми објавија нова информација повикувајќи се на нејзиниот ПР тим. Тие потврдиле дека таа има сериозни повреди но демантирале дека популарната пејачка се повредила во сообраќајна несреќа. Според нивната изјава, таа се лизнала и пандала уште пред да тргне кон Макарска. ПР тимот потврдува дека повредите се сериозни, односно дека пејачката има две скршени раце и дека во тек е операција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.