| четврток, 6 декември 2018 |

Македонци тргнале на одмор во Грција без гајба домати

granica

Македонско семејство тргнало на одмор во Грција со полупразен багажник.  Во застојот пред грчката граница патниците од колоната возила биле запрепастени што децата на задното седиште седеле со нозете спуштени надолу. Пред нив немало никакви куфери, кутии и патни ладилници.  Дури и жената на совозачкото семејство седела со собрани нозе поради празниот простор пред неа.

-Мажот го отвори багажникот да извади нешто. Внатре имаше само два куфери и топка. Немаше гајба со домати, ниту кеса со праски. Како да одеше на кратко – вели жената од едно од возилата во колоната.

На македонските царинарници им станал сомнителен чудниот патник. Тие направиле буквален претрес на возилото бидејќи сметале дека  децата и жената се само маска на мажот кој сака нешто да прошверцува во Грција. Но не нашле ништо.

-Денеска на граница дојде едно сомнително возило. Четириесет годишен маж со сопруга и две деца на возраст од 6 и 9 години,  со тврдење дека е тргнат на десетдневен одмор во Грција. Направивме проверка на лицето, нема никакво полициско досие. По извршениот претрес не најдовме ништо сомнително во возилото – коментираат од граничниот премин Богородица.

Сведоци кажуваат дека Македонецот имал проблем и на грчката граница. За разлика од другите возила кои брзо ја преминувале границата, автомобилот на овој чиден патник бил испратен на претрес. Но освен облека, костими за капење и средства за лична хигиена, ништо друго не било  пронајдено во возилото.

Маша без медо

***  Целта на „Маша без медо“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со правите луѓе и институции е случајна.  

Маша без медо

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top