Кошарка за уживање и турнир за респект ќе стартува вечерва во Скопје, а ќе учествуваат домаќинот Македонија, Италија, Црна Гора и Полска.
На премиерата на „Трофејот Македонија“ како загревање за кквалификациските дуели за настап на ЕП 2015, вечерва од 17,30 часот ќе играат Италија и Црна Гора, а од 20 часот македонската репрезентација ќе ги одмери силите со Полска.
Македонија предводена од новиот селектор Александар Џикиќ нанижа три победи во пријателските мечеви на турнир во Охрид и во добро расположение го очекува стартот на натпреварите во Скопје, во посилна конкуренција на Полска, Италија и Црна Гора.
Целта е максимално да се подготви новиот состав за квалификацискиот циклус во август и септември, без неколкумина клучни кошаркари од последните две Европски првенства. За дуелите со Белгија, Данска и Белорусија, Џикиќ ќе ги нема на располагање Перо Антиќ, Лестер Бо Мекејлеб, Тодор Гечевски, Владо Илиевски, Предраг Самарџиски и Ѓорѓи Чековски, што е хендикеп, но на сцена ќе се појават нови момчиња предводени од искусните браќа Стојановски, Трајковски, Хендрикс, Костоски, Магдевски, Ѓуровски….
Првиот квалификациски дуел за настап на ЕП ќе го играме со Белгија на 10 август. Првопласираните две селекции ќе играат на континенталниот шампионат следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


