| четврток, 6 декември 2018 |

Аризона: Осуденик умирал два часа

joseph-wood-mug-left-tease

Осуденикот Џозеф Вуд умирал повеќе од еден час по добивањето на смртоносната инјекција. Погубувањето на Вуд (55), двоен убиец, е извршено во државата Аризона.

Адвокатите на Вуд побараа итен прекин на погубувањето откако осуденикот по вшприцувањето на смртоносната инјекција почнал тешко да дише и да се задушува.

Тие наведуваат дека егзекуцијата треба да трае најмногу десет минути, додека Вуд губел здив „повеќе од 600 пати пред да почине“.

Гувернерот на Аризона Џен Бруер нареди целосна истрага за егзекуцијата иако нагласи: „Вуд починал на начин што е предвиден со законот“.

Неговите адвокати сметаат дека со погубувањето, кое траело подолго од еден час, е нарушено неговото право да биде погубен на начин што исклучува сурова казна и со мерка што не е вообичаена, како што е предвидено со американскиот Устав.

Тие бараат од властите во Аризона да го именуваат производителот на лекови што се употребени за егзекуција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top