| четврток, 6 декември 2018 |

Нимиц во Македонија на 28 јули, во Атина два дена подоцна

Посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц, на 28 јули ќе ја почне посетата на Македонија и Грција.

Според соопштението на ОН, Нимиц првин ќе допатува во Македонија, на 28 и 29 јули, а потоа ќе замине на средби во Атина на 30 и 31 јули.

– Целта на средбите е да се интезивираат разговорите под покровителсто на ОН насочени кон изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за спорот за името, пишува во соопштението на ОН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top