
Истрагата за смртта на Пичис Гелдоф, ќерката на Боб Гелдоф е завршена и со неа е потврдено дека пред да почине таа користела дрога. Нејзиниот сопруг Том Коен уште во февруари нашол смс-пораки кои укажувале на тоа.
Пичис на 7 април беше пронајдена мртва во својот стан, а истрагата потврди дека ќерката на прославениот музичар користела метадон две години пред смртта. Во истрагата е откриено дека се пронајдени траги на крв, метадон и морфиум.
Претставувајќи ги доказите, нејзиниот сопруг изјавил дека бил во Лондон и оти бил на проба и кога се слушнал со неа попладнето звучела трезвено. Но, кога следниот ден не можел да ја добие се вратил дома и ја нашол мртва. Тој изјави дека имала неделни тестови за дрога, но нему му говорела дека е се во ред и дека резултатите се чисти. Кога го прашале дали смета дека таа лажела за тестовите, тој кратко одговорил потврдно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


