| четврток, 6 декември 2018 |

Град во Преспа: Оштетени околу три илјади хектари овошни насади

град
Јаболковите насади во Преспанско претрпеа големи штети од градот, кој паѓаше вчера попладне. Градот со големина на орев и јајце, нанесе штети на околу 3.000 хектари овошни насади, при што го оштети родот од 30 до 100 отсто.
Најголеми штети се предизвикани во атарите на селата од Перово до Крушје. Покрај родот оштетени се и самите дрвца кои во наредниот период нема да даваат род.
Невремето предизвика поплави по улиците, а оштети и автомобили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top