| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов ќе се сретне со досегашниот и со новиот преговарач за името, Јолевски и Наумовски

Vasko Naumovski kniga02 (Custom)

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе има средба со Зоран Јолевски и Васко Наумовски, досегашниот и идниот специјален пратеник на шефот на државата во разговорите за разликите околу името со Грција кои се водат под покровителство на ОН.

ivan jole

Кабинетот на Иванов синоќа соопшти дека  идниот амбасадор на Република Македонија во САД Васко Наумовски, со одлука на претседателот на државата  е поставен на должноста специјален пратеник во разговорите за името што ги води медијаторот на ОН Метју Нимиц.

Наумовски ќе го замени досегашниот македонски преговарач за името името Зоран Јолевски, кој во новиот владин состав е именуван за министер за одбрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top