| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно удрени пешаци во Скопје

soobrakajni-znaci

Пешак се здобил со тешки повреди откако возило „фолксваген пасат“  удрило во него. Незгодата се случила во 7 часот и 30 минути на крстосницата меѓу булеварите „Никола Карев“ и „8 Септември“. Повреден е пешакот кој е роден 1963 година. Се здобил со тешки телесни повреди.

Втората сообраќајка се случила во 8 часот пред крстосницата од улиците „Московска“ и „Софиска“ во која се повредени возач на мопед и пешак. Пешакот се здобил со тешки, а возачот на мопед со телесни повреди.

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои две со материјална штета, а седум со повредени лица. Повредени се тројца пешаци, еден велосипедист, еден моторциклист, двајца возачи и еден сопатник.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај.

Од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се четворица возачи без возачка дозвола, шест возачи кои не ја почитувале светлосната сигнализација, 11 коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и 10 возачи кои не користеле сигурносен појас или користеле мобилниот телефон за време на возењето.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 36 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top