| четврток, 6 декември 2018 |

Чума во Кина: Град од 30.000 жители ставен во изолација

Кинескиот град Јумен, со 30.000 жители, е целосно изолиран, а 151 лице од минатата недела се наоѓаат во карантин, откако еден човек од градот починал од чума, објави денеска кинеската државна телевизија ЦЦТВ.

kina

На жителите на Јумен, во провинцијата Гангсу во северозападна Кина, не им е дозволено да го напуштаат градот, а полицијата која постави барикади на излезите од градот возачите ги упатува да одат по алтернативните патишта.

На почетокот на јули 38-годишен маж пронашол мртов мрмот, го исекл и со него сакал да го нахрани својот пес, но истиот ден добил грозница. Човекот бил префрлен во болница откако состојбата му се влошила и минатата среда починал, по што е утврдено дека бил забопен од чума.

– Градот има доволно ориз, брашно и масло за потребите на сите жители во следниот еден месец, пренесе ЦЦТВ и додаде дека жителите на градот и граѓаните во карантинот се во  стабилна состојба.

Властите на никого не му дозволуваат да го напушти градот, наведе телевизијата, иако весникот „Чајна дејли“ претходно објави дека во градот се воспоставени „четири карантински сектори“.

Последниот случај на чума во Кина беше забележен во 2012 година кога болеста се пренесе од инфицирано животно врз човек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top