| четврток, 6 декември 2018 |

Здравјето ѝ било загрозено, па ослабела 30 килограми

те

Џули Бети на возраст од 50 години имала многу висок притисок како последица на прекумерната тежина, па постојано примала лекови и живеела во страв дека во секој момент може да умре…

Таа вели дека постојано била во депресија поради прекумерната тежина, па воопшто не излегувала од дома и не била активна, поради што килограмите продолжиле да се качуваат.

– Чувствував како цел свет да ми се урива. Но, открив дека здравјето ми е сериозно нарушено и постои шанса да умрам, па решив да ослабам – вели Џули.

Таа решила да се обиде со програмата за слабеење „Body by Vi“, а во период од 90 дена ослабела 30 килограми со тоа што еден оброк заменувала со шејк.

те 2

Џули го вклучила и сопругот во оваа програма, па заедно еден на друг си давале поддршка.

Денес таа има 30 килограми помалку, здравјето драстично ѝ се подобрило и повеќе не е во животна опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top