
Хрватскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ранко Остоjиќ е на интензивно лекување во болница, неговата состојба утрово е многу сериозна, но стабилна, јавија хрватски медиуми.
Лекарите се борат за неговиот живот. Остоиќ има тежок степен на сепса. Хрватската телевизија соопшти дека му откажал црниот дроб и едниот бубрег.
Министерот бил примен во Инфективната болница во петокот со висока температура, во саботата бил итно префрлен на клиниката „Ребро“ и опериран. Вчера, меѓутоа, станало јасно дека животот на министерот е во опасност.
Од Владата соопштија дека кај Остоиќ бил утврден воспалителен процес во вратот и во саботата бил подложен на итна операција и дренажа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


