
фото: курир
Стравична сообраќајна несреќа се случи вчера вечер на булеварот „Видео Смилевски Бато“, на раскрсницата помеѓу населбите Ново Лисиче и Аеродром, во близина на Поштата. Во соообраќајката што се случи околу еден часот по полноќ, учествувале два автомобила. Според првичните неофицијални информации, едно од возилата- „голф 4“ поминал на црвено и удрило во другиот автомобил „голф 5“.
Девојката која управувала со автомобилот „голф 5“, при ударот, изгубила рамнотежа над возилото и удрила во бетонираната жардиниера, по што автомобилот се превртел на кров. Двете девојки кои биле во автомобилот веднаш биле извадени од превртеното возило и со брза помош пренесени во болница.
Возачот на „голф 4“ откако удрил во автомобилот, се обидел да избега, но му паднала предната регистерска табличка по што веднаш бил пронајден од страна на полицијата и донесен на местото на стравичната сообраќајка, раскажуваат минувачите кои во моментот се нашле таму. За сега нема информации каква е состојбата на девојките кои биле во еден од автомобилите. За среќа во другиот автомобил нема повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


