| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците во Албанија незадоволни од предлогот за новата територијална поделба

Здружението на Македонците во Албанија ,,Илинден“, со седиште во Тирана,  во кое членуваат Македонци кои живеат во албанскиот главен град но по потекло се од повеќе области на Албанија, оценува дека прифатената варијанта за новата територијална  поделба на Албанија  од страна на Собраниска комисија во Парламантот на Албанија е неприфатлива.

Со неа се предвидува општината Пустец и понатаму да постои, но општините каде живеат Македонци, како што се Голо Брдо и Гора, нема да постојат, изјави за Макфакс претседателот на ,,Илинден“,  Никола Ѓурѓај.

Тој сепак додаде дека постои одредена надеж дека власта во Албанија сепак пред  да одлучи Собранието за новата  територијалната поделба , ќе ги има предвид ставовите на Македонците  и другите малцинства во Албанија , но и барањата на меѓународните организации за почитување на малцинствата и во однос на територијалната поделба.

Со најновата варијанта која помина на собраниска комисија  Албанија би имала 61 локални единици.

Оваа одлука ќе  ја разгледува Владата, а потоа на 23 јули предлогот ќе се најде во Собранието на Албанија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top