Младата актерка Скај Мекол Бартушијак, најпозната по улогата на ќерката на Мел Гибсон во филмот „Патриот“, од засега непознати причини почина на 21-годишна возраст.
Безживотното тело на младата актерка било пронајдено во нејзиниот дом во Тексас, каде починала во сон.

Бартушијак на седумгодишна возраст ја играше Сузан Мартин, ќерката на Бенџамин (Мел Гибсон), а помлада сестра на Габриел, во чија улога се најде Хит Леџер, кој исто така прерано почина во 2008 година.
Младата актерка по филмот немаше забележителна кариера, само неколку епизодни улоги во телевизиски серии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


