| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобриот секс паѓа во петок и сабота

files

Најдобриот секс кој може да го имате е пред 23 часот во петок или сабота, во поза кога жената е горе и со траење од 23 минути покажува истражувањето на битанскиот ланец на секси играчки „Lovehoney“.

Резултатите укажуваат на тоа дека положбата е еден од клучните услови за добар секс. 88 % од мажите и 68% од жените испитаници, сакаат да се впуштат во вакви односи со запалени светла за да можат истовремено да го гледаат својот партнер. Останатите преферираат темница бидејќи не се „гордеат“ со своето тело.

Првиот чекор за секс им припаѓа на 80 % од мажите, а жените го прават тоа во 46 %, кои признале дека никогаш не го одбиле својот партнер за секс, а они кои го направиле спротивното се оправдале со умор.

Испитанците рекле дека најсигурен начин за доаѓање до секс е со бакнување и галење, а за 12 насто од паровите се доволни разговорите за секси игри или флертот. Вообичаено, секс паѓа пред спиење или пред телевизорот, а неретко и по враќање од работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top