Пропалестинските протести во парискиот кварт Барбес повторно ги одбележа насилство, јави дописникот на МИА од Париз.
На крајот од протестот, кој се одржа без дозвола од властите, учесниците фрлаа разни предмети и камења врз силите на редот, кои на тоа одговорија со солзавец.
За време на судирите меѓу учесниците на протестот организиран во знак на поддршка на Палестиниците и против израелската интервенција во Газа, повредено е најмалку едно лице.
Францускиот претседател Франсоа Оланд од Чад, каде се наоѓа во официјална посета, предупреди „дека тие кои сакаа да протестираат по секоја цена, ќе ја преземат одговорноста за тоа“.
Тој притоа појаси дека лично побарал од министерот за внатрешни работи да го забрани одржувањето на протестите, но тоа според него „не значи дека се спречени другите средства за изразување став“.
Префектурата на Париз вчера го забрани одржувањето на денешните протести поради „серизони ризици за нарушување на јавниот ред“, откако минатиот викенд дојде до судири пред две синагоги во Париз за време на демонстрациите.
Јавното обвинителство на Париз потсети дека за организирање на забранет протест може да се добие затвор од шест месеци и парична казна од 7.500 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени



