Припадници на сунитската исламистичка група Исламска држава при заземањето на гасното поле Шаар кај Хомс, во централна Сирија, убиле најмалку 270 лица, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човекови права.
Според Центарот, ова е досега најкрвав напад на припадниците оваа бунтовничка група.
Центарот вчера информира дека при нападот на гасното поле кај Хомс биле убиени 115 лица, но денеска соопшти дека од „доверливи извори“ добил податоци оти припадниците на Исламската држава егзекутирале 270 лица.
Според истите извори, при преземањето на гасното поле загинале и најмалку 40 исламистички борци.
Владата во Дамаск досега не ги потврди информациите за заземањето на гасното поле од страна на исламиситте и за масакрот, а за тоа ништо не јавија ни сириските државни медиуми.
ИТАР-ТАСС од друга страна јави дека сириската армија денеска започнала офанзива за ослободување на гасното поле Шаар и дека се водат жестоки борби меѓу владините сили и исламистичките бунтовници во радиус од пет до осум километри околу ова најголемо наоѓалиште на гас во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!



