Според најавите, обновата на домовите кои беа оштетени во поплавите, треба да заврши до средина на есента, а до први октомври ќе се санираат патиштата.
За таа намена, Србија може да смета на 80 милиони евра од ИПА фондовитe и донации и уште меѓу 40 – 50 милиони евра од Фондот за солидарност на ЕУ.
Вучиќ им порача на граѓаните чии домови беа оштетени во поплавите дека во следните седум до десет дена ќе добијат пари за да ги обноват куќите.
– Никој нема да остане без куќа. Сите ќе бидат обновени со средината на есента како што и е ветено, а патиштата ќе бидат санирани до први октомври. Во периодот што следи останува да се реши проблемот со електроенергетскиот систем, изјавил Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)