Челзи Клинтон никогаш не излегла со момче за време на осумте години додека растеше како прва ќерка на Америка.
За неа нема никакви детали од Тајна служба. Немала лажна лична карта за да се забавува како малолетник. Ниту какви било скандали со дроги. Не се појави на суд во градник и кусо здолниште. Не постои ниту снимка од „валкан танц“.
И покрај мачната улога во срамните брачни скандали на нејзините родители кои излегоа во јавноста, Челзи остана на ниво.
Затоа е чудно сега да ја гледаме како учествува во чувствителната задача на нејзините родители и како собира средства за помош на сиромашните, како дел од Клинтон инк.
Нејзината исклучително непокорна мајка беше на удар на јавноста кога се опиша себеси „без скршена пара“ кога ја напушти Белата куќа, па зошто Челзи би сакала да се отвори себеси на критиките дека сака и прибира мрсни чекови, што не соодветствува со нејзините вештини, искуство или со улогата во животот?
Додека 34-годишната жена се обидува да ја добие наклонетоста на некои од кроните од Фондацијата Клинтон – кои се исто како и самите Клинтонови добронамерни, широкогради и неорганизирани – Челзи држи говори кои ги полнат куферите на фондацијата. Таа добива, како што објави Ејми Чозик од Тајмс, и до 75 илјади долари за појавување на добротворен настан.
Чозик напиша: „Говорите на г-ѓа Клинтон се фокусираат на искоренување на проблемите како што се болести пренесени преку вода. („Силно сум потресена од дијареата“ е нејзината омилена реченица.)
Има нешто невообичаено што не тера да се запрашаме: па зошто таа вреди толку пари? Зошто, со оглед на нејзината улога како советник во менаџирање, собирање на средства и да се шлепа на помош, еден час од нејзиното време вреди повеќе отколку едногодинешната заработувачка на повеќето Американци на нејзина возраст? (Просечниот приход по домаќинство во САД изнесува 53,046 долари)
Ако таа навистина сака да биде алтруист, нека собира пари за некоја независна хуманитарна организација која нема да го срами името на Клинтонови, додека нејзината мајка се билда за да се врати во Белата куќа, а таа самата се додворува за да влезе во политиката.
Или нека и се дозволи слободно да зборува. На крајот на краиштата, таа е во позиција да научи како кандидат. Нема потреба и за тоа да плаќа.
Во јавноста се појави одбивност по објавата во Политико дека пред да се сврти кон устно договорени зделки, Челзи била преплатена и по 600.000 долари годишно – или преку 25.000 по минута во етер – за непотистичка работа како неполитички известувач за Ен-Би-Си њуз.
Челзи се уште го учи одговорот на прашањето кое го постави на брокер од Гејко (компанија за автоосигурување само за вработени во државната администрација): „Има ли лоша страна на оваа ваша слава?“
Клинтонови продолжуваат жестоко да реагираат на себичноста во јавните служби. Па зошто тогаш се враќаат за да го величат грабањето пари? Ова отиде од „две по цена за едно“ на „три по цена за 20“.
Продажбата на книгата на Хилари – од која се добива впечаток како да купила нешто од Икеа, но некој друг да и го состави тоа – отпаѓа затоа што во неа има повеќе за 13-те милиони долари аванс и започнувањето на кампањата отколку за интригантското самопреиспитување и политичките откритија во која ги сознала од мемоарите на Тимоти Гајтнер и Боб Гејтс. Ако имала нешто вистински да каже, книгата ќе била пократка.
Хилари не ја гледа неповрзаноста помеѓу изразувањето длабока загриженост околу се повисоките студентски долгови од кредити додека прибрала шестоцифрени суми од барем осум колеџи, и тие суми продолжуваат да растат. Сега таа вели дека ги префрла парите од универзитетите во фондацијата, но недокажаната г-ѓа Транспарентност одби да приложи документи за тоа. (Таа се уште собира огромни суми за говори, како што беше нејзиното обраќање во април во Лас Вегас за Институтот за индустриите за рециклирање отпад).
Чозик проценува дека бизнисот на таинственото семејство за држење говори собрал повеќе од 100 милиони долари во корист на поранешниот претседател и првата дама, чии хонорари варираат од 200.000 до 700.000 долари за едно појавување. Бил самиот во минатата година заработил 17 милиони долари од она што најдобро знае да го прави – да зборува.
– Проблемот е дека корисник од филантропските говори е фондацијата, која била основана како јавна фондација, но е јасно поврзана и контролирана од семејството Клинтон, напиша Рок Коен во Нешенел филантропи квартерли, и додава: „Донаторите и институциите кои им плаќаат, и огромните суми за за говорите на нивната ќерка, можеби се за купување на признанието и времето за соочување со моќните политички лидери, од кои тие се надеваат дека во иднина ќе им биде возвратено со политичка корист“.
– Проблематично е кога корпоративните донатори даваат во хуманитарни цели со повеќе или помалку очигледни очекувања дека во иднина ќе си овозможат помек и понежен однос кон нив. Проблематично е и тоа што некои од тие што плаќаат се јавни или непрофитни ентитети, како што се колеџи и универзитети, кои се расфрлаат со средствата на даночните обврзници и се изземени од плаќање на даноци, што се сигнали дека може да заврши со позитивен третман кога овие институции и самите ќе бараат нешто за возврат, дури и ако е тоа само добра препорака од било кој од клинтонови до федералните агнции кои обебедуваат средства или до регулатор кој можеби критички ќе погледне кон квалитетот на универзитетите и субвенциските исплати“
Клинтонови беа жестоко заштитнички настроени кон Челзи кога таа беше тинејџерка, и бараа почитување од страна на медиумите што и го добиваа. Тие повторно мора да ја заштитат ќерка си, овој пат од нивната алчност за прибирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст