Телата на петмина Палестинци се извлечени од под урнатините на една куќа, разурната изминатата ноќ во израелскиот воздушен напад врз Појасот Газа, соопштија палестински лекари.
Телата се извлечени во подрачјето источно од Кан Јунис на југ.
Бројот на загинати во 12-те дена од изрелската офанзива на Појасот Газа со тоа се зголеми на 314 лица, соопшти портпаролот на итната служба Ашраф ал Кидра. Повредени се 2.250 Палестинци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.