Сабота е последниот ден од серијата на денови со нестабилно време. Метеопро прогнозира повторно спарно и воглавно сончево претпладне и нестабилно попладне со локален дожд и грмежи е пред нас. Сосема локално постои веројатност слаб дожд да има и во текот на раните вечерни часови.
Утрото ќе биде релативно топло. Минималната температура ќе биде во границите од 14°С до 20°С.
Температурата ќе биде слична на онаа од четврток. Максималната температура ќе достигне вредност околу 30°С во котлините во северната половина од земјата, и околу 28°С во југозападното подрачје. Најтопло, до 33°С ќе биде во јужниот тек на Вардар.
Вредноста на УВ индексот ќе биде 8.
Уште еден ден со репризно време и во скопската котлина. Се очекува променливо време со услови за дожд попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 31°С.
Во Охридско-Преспанскиот регион повторно се очекува локална нестабилност попладне. Сепак денот ќе биде за нијанса потопол, а максималната дневна температура ќе достигне околу 28°С.
Дојран очекува топол ден со максимална температура малку над 30°С Попладне во поширокиот дојрански регион е можна локална нестабилност проследена со локален дожд и грмежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.