| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Центар: Усвоени ДУП-oвите за локалитетите Тасино Чешмиче и Капиштец-Водно

sipоvic2 (Custom)

Советот на општина Центар на денешната 23-та по ред седница ги изгласа Предлог-одлуките за донесување на Детален урбанистички план за локалитетите Капиштец и Тасино Чешмиче.

ДУП-овите беа усвоени со 11 гласови „за“ и еден против. Против изгласувањето на точките гласаше претседавачот на Советот Мирослав Шиповиќ. На денешната седница беше усвоена и Предлог-одлуката за доделување на парични средства на Кик-бок клубот „Водно – Кик“, предложена од Шиповиќ.

Останатите точки од Дневниот ред од прва до 12-та поради неприсусто на предлагачот Андреј Жерновски на Седницата, беа одложени.

За разгледување на одложените точки од Дневниот ред ќе биде закажана дополнителна седница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top