ЕВН Македонија почна да ја развива апликацијата за управување на идеи како дел од проектот „Идеен Менаџмент“. Апликацијата ја изработија студенти од Универзитетот ФОН во натпреварот на бизнис решенија во рамките на проектот „Фабрика на знаења“.
Два тима се натпреваруваа во креирањето на апликацијата за управување со идеи, која што го покрива целиот процес на „Идеен менаџмент“, од предлагање, прибирање, разгледување, евалуирање до имплементација на идеите. Резултатот беа две апликации, технички изводлива и во функција на потребите на ЕВН Македонија.
ЕВН Македонија за победник го избра тимот студенти на проф. д-р Зоран Гацовски како поуспешен од тимот на проф. д-р Лидија Горачинова. Сепак ЕВН се одлучи да ги награди и двата тима и да им овозможи на најдобрите поединци да извршуваат практикантска работа во компанијата. Студентите со ова имаат можност проектот кој го изработија да го спроведат на дело, следени и поддржани од професионалците во компанијата.
Проектот „Фабрика на знаење“ произведе апликација за менаџирање на идеи во ЕВН Македонија која почна да се реализира во реалноста. Токму ова е целта на соработката меѓу високо образовните институции и бизнис секторот, да им се даде реална шанса на младите да ги покажат своите знаења, а на компаниите да регрутираат нов работен потенцијал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.