| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се гради 15 километри нов пат од Билјанини извори до Пештани

O

– Во завршна фаза е изработката на проектот за изградба на пат од Билјанини извори до селото Пештани, а по негова изградба ќе се работи и на проект од Пештани до Свети Наум – информираше денеска директорот нa Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски.
Одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на осветлувањето на клучката кај Вевчани, Георгиевски појасни дека се работи за 13 до 15 километри пат.
– Станува збор за нов проект, нова траса, не на постоечката. Реализацијата очекуваме да почне некаде 2015/2016 година. Во овој момент се изработува проектот, потоа следува ревизија. Работиме и на експропријацијата, односно обесштетување на граѓаните, кои имаат
имот на таа траса, и веднаш потоа почнуваме со градба – изјави Георгиевски.
Тој посочи дека потоа ќе се работи и на проект за изградба на патот и од Пештани до Свети Наум.

– Но тоа ќе следи потоа, засега планирани се овие 15-тина километри – нагласи Георгиев.
Директорот на ЈП за државни патишта истакна и дека се предвидени неколку клучки, што ќе ги поврзуваат населените места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top