Интернет страниците за пронаоѓање на партнер се хит во странство, а помеѓу малиот милион „нормални“ страници се наоѓаат и овие, до некаде необични а всушност многу логични и практични страници.
1. Miss Travel
Сакаш да патуваш, а не можеш тоа да си го дозволиш? Или пак имаш пари, но немаш друштво? Ова е страницата за тебе. Легален начин за спонзорушите да го најдат својот плен, а пленот свесен за тоа, подготвен е да го плати нивното друштво. Чиста сметка – долга љубов.
2. UniformDating.com
Војници, медицински сестри, пилоти, полицајци, па дури и пожарникари. Без разлика дали си униформирана личност или пак само бараш таква, изборот на оваа страница е навистина голем.
3. Dating With Herpes
Името кажува сѐ. Корисниците на оваа страница искрено признаваат дека се заразени со оваа сексуално пренослива болест, па наместо да заразуваат здрави луѓе или пак самите да бидат разочарани кога некој ќе ги откачи само затоа што имаат херпес, тие решаваат да направат свој круг на дружење.
4. Sea Captain Date
Морнарите отсекогаш биле фантазија на девојките, а не постои хетеросексуален морнар на кој му пречи женското друштво. Ова е страница на која капетаните бараат друштво за своите морски авантури.
5. The Ugly Bug Ball
Ова е страница за луѓе на кои им е смачено да се преправаат и да испраќаат лажни фотографии на своите профили. Овде нема место за манекени и убавици. Ова е страница каде навистина, важен е само карактерот.
6. Boo Hiccup
Ако не сакаш, или, пак, се плашиш од кловнови, оваа страница е твојот кошмар. Ова е местото каде кловновите доаѓаат да ја најдат својата љубов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.