| четврток, 6 декември 2018 |

Нова градинка во селото Богородица

gradinka

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов, денска свечено ја пуштија во употреба новата детска градинка „Малото штркче“ во гевгелиското село Богородица.

Детската градинка има капацитет за згрижување на 50 дечиња, а во моментот згрижува 25.

Спасов изрази големо задоволство што присуствува на овој настан, бидејќи како што нагласи, најмладите се иднината на Македонија.

– Особено задоволство ми претставува присуството во Богородица, затоа што општина Гевгелија е меѓу општините со најголем опфат на деца од предучилишна возраст, кој изнесува над 50 отсто. Ова е доказ дека градоначалникот и општината инвестираат во нашата иднина. Градинката „Малото штркче“ е еден од 40-те објекти во земјата од кои годинава во инвестициски план се 14 објекти. Владата и Министерството за труд и социјална политика и понатаму силно ќе ги поддржуваат инвестициите во предучилишното воспитување на децата, истакна Спасов.

За градоначалникот Франгов овој ден, како што рече, е голем и исклучително важен бидејќи исполни уште едно ветување дадено пред жителите на Богородица.

-Општина Гевгелија од буџетот инвестира 4 милиони денари во изградбата на објектот, а општината ќе продолжи и понатаму да води грижа за дечињата, потенцираше Франгов и додаде дека во наредниот период активностите ќе се насочат кон отворање нова детска градинка и во Прдејци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top