Ова лето впечатливите црвени тонови и цветни дезени на фустаните ја разбиваат монотонијата на основната бела и црна боја.
Покрај дизајнираните материјали, кои во основа се од вискоза, постојат и модели што се креирани од сатен и што имаат цветови по работ на фустанот. Дел од цветните фустани што се препорачуваат за летово се куси и ја следат линијата на телото, но има и трапезно лелеави фустани.
Кога избирате материјал за летен фустан, најдобро е тој да биде природен. Лето е, па дозволено е да биде шарено, и тоа може да се комбинира со ешарпа и со чанта, која е украсена со циркони.
Таа комбинација може да ја носите на разни настани – од прослави, преку коктели, па дури и на венчавки.
Фустаните ова лето се задолжителни, а дизајнерите предлагаат големи цветови, макси фустани, но и геометриски дезени…
Макси фустанот може да биде многу романтичен, минималистички, но и со цветен дезен. Тие фустани се приспособливи за секој вид настани. Широк макси фустан во комбинација со сандали без потпетици е одличен избор за прошетка покрај море или езеро.
Ова лето фустаните со цветни дезени се толку секси што ги гледаме насекаде околу нас. Така шарени, во многу бои, даваат свежина и ведрина каде и да се појавите.
Сѐ е шарено, весело и модерно, токму како што одговара со времето. Со цветните дезени ќе изгледате весело, елегантно и нежно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст