| четврток, 6 декември 2018 |

Карлос Бузер се сели во Лејкерс

Крилниот центар на Чикаго булс, Карлос Бузер, кој минатата недела доби отказ од тимот, од следната сезона ќе настапува за екипата на ЛА лејкерс.

Лејкерси за Бузер понудиле 3,25 милиони долари, што значи дека Чикаго ќе мора да ги плати останатите 13,6 милиони долари кои, според договорот, му следуваат на Бузер за сезоната 2014/2015.

Минатата сезона беше една од најлошите во кариерата за крилниот центар, во просек по натпревар тој имал 13,7 поени и 8,3 скока.

Покрај во Чикаго, Бузер во кариерата го носел и дресот на Јута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top