| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезна млад Македонец во Австралија

Во Канцеларијата за исчезнати лица на Австралија од 11 јули е пријавено дека семејството нема никаква информација за тоа каде би можел да биде Давид Јосифовски.

david

Тој утрото на 11 јули, околу 6.30 часот, бил оставен на аеродромот во Перт, но не се качил на ниту еден авион и оттогаш нема никаква информација за него.

Канцеларијата соопштува дека Давид има 25 години, дека има тетоважа на раката, крст со македонско сонце и тетоважа на целиот грб. Давид не ја напуштил државата, ниту, пак, такво лице било пријавено во некоја болница.

Неговото семејство повикува на помош. Неговата сестра изјавила дека тој неколку месеци работел во Билоела и кога имал слободни денови често патувал во Гледстон.

Во Австралија годишно како исчезнати се пријавуваат околу 35.000 лица или едно лице на секои 15 минути.

Извор: Мкд.мк.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top