| четврток, 6 декември 2018 |

Петте најголеми машки секс-заблуди

Добро знаете дека тој ги гледа… а и вие барем еднаш сте гледале. сепак порно-филмовите имаат своја цена – на мажите сервираат мали лаги. е, па време е да им ги отвориме очите!

seks2

Сексот секогаш е одличен

Во порно-филмовите сексот никогаш не е само добар – задолжително е еруптивен, придружен со примитивни извици на задоволство. Тој впечаток создава голем расчекор меѓу она што го гледаат на ТВ и она што се случува во нивниот сексуален живот. Во порно-филмовите двојката никогаш не се враќа заедно дома, не се гали на софата. Машките секојдневни врски со жените повеќе се сведуваат на искористување на секоја шанса за секс или на секоја утринска ерекција. И гранд-финалето во порнографските филмови е тотална заблуда – мажот ејакулира по партнерката како вулкан! Каква глупост!

Жените секогаш носат секси долна облека

Во „филмските остварувања“ што ги гледаат мажите, жените секогаш носат секси комплети и подврски. Затоа мислат дека и кога сме дома, шетаме во чипкасти чорапи и високи потпетици. Но многу се поголеми шансите да не видат во удобни машки гаќички и во стара маица. Но тоа ним и не им е важно, бидејќи долната облека постои за да се соблече, нели? Но земајќи предвид колку се “вешти“ во соблекувањето на градникот или корсетот, отстранувањето на подврските сигурно би ги фрлило во очај.

Сексот обично се одвива на неудобни места

Канцелариска маса, во тоалет, во приколка, дури и на клупа во парк среде бел ден. Во порно-филмовите обично сексот се случува на мошне неудобни места, на кои жената, одеднаш, не може да ја совлада преголемата желба да се соблече и да води љубов. Порно-светот ги учи мажите дека нам не ни е важен амбиентот во кој имаме секс. Тие мислат дека обожаваме да имаме песок во газето, механичко масло на омилената маица, модринки на нозете… Во реалноста нема ништо подобро од удобен, голем кревет, особено оној без дрвени рачки (за да се спречат удирањата со глава за време на страсниот занес).

Жените секогаш сакаат секс во тројка

Мажите отсекогаш ги фасцинирало што правиме кога сме сами. Земајќи предвид што ги учат порно-филмовите, не е чудно што веруваат дека сите наши дружења се сведуваат на секс – приказни и акција. Исто така, мислат дека жените сакаат да спијат со жени, а уште повеќе ако им се придружи и маж. Всушност веруваат дека женските дружења претставуваат муабети за сексуалната умешност на партнерите.

Жените сакаат анален секс (и никогаш не ги боли)

Во порно-филмовите, мажот никогаш не се воздржува од овој предлог, ниту пак се грижи дали на жената ќе и биде пријатно или болно. Не, порно-ѕвездите влегуваат во тоа уште во првата сцена. Во реалноста, на сексот му се пристапува од поинаков агол. Тоа подразбира стабилна врска, многу убедување, многу лубрикант и по некоја чашка алкохол пред сексот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top