| четврток, 6 декември 2018 |

Новата кацига на Нико Розберг (фото)

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, доби специјално изработена заштитна кацига за трката овој викенд во Хофенхајм.

Овој чин е продолжување на еуфоријата што ја зафати Германија по освојувањето на шампионскиот трофеј на неодамна завршениот мундијал во Бразил.

Како што е наведено во германските медиуми, кацигата по завршувањето на трката ќе оди на аукција, а приходот од продажбата ќе биде наменет во добротворни цели.

Претходно, дел од германските фудбалери носеа копачки со натпис: „Продолжи да се бориш, Михаел“ алудирајќи на Шумахер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top