Кери Фишер најпозната како принцезата Леја од популарниот филмски серијал „ Војна на ѕвездите“ се пријавила во болница поради биполарно пореметување со кое се бори веќе со години.
-Кери Фишер неодамна имала одредени проблеми врзани за биполарни пореметувања и одлучила сама да се пријави во болница за да добие соодветна терапија. Во моментов се чувствува подобро, рече портпаролот на актерката.
Фишер во неколку наврати отворено говореше за својата болес, а во разговорот со новинарката Дајан Сојер рече:
-Долго време мислев дека сум зависник од дрога. Дека сум некој што неможе да престане да користи дрога. И така се однесував. Меѓутоа, се покажа дека страдам од тежок облик на манична депресија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Им одржа лекција на двојно помладите колешки: Сите гледаа во актерката
-
Сите ја колнат: Српската актерка која беше пронајдена мртва криела страшна тајна!
-
Траеше само две минути: Познатата актерка ја призна врската со малолетникот!
-
Славна убавица пронајдена мртва во својот стан: Камерите откриваат морничав детаљ!