Експертите тврдат дека премногу секс може да биде опасен за здравјето на жените. Долготрајниот секс или неколку односи на ден можат да предизвикаат уринарна инфекција и силни болки. Овој феномен го викаат и циститис од меден месец.
– Уретра се наоѓа по должината на вагината, што значи дека за време на сексот бактериите од гениталните лесно можат да преминат во мочниот канал. Што поголемо триење, толку поголем ризик од инфекција – објасни гинекологот Мери Џејн Минкин, професорка на Медицинскиот факултет на Јеил.
Иако постојат теории дека до инфекцијата доаѓа при секс со нов партнер, Минкин тоа го негира со фактот што во уретрата влегуваат бактерии од жената, а не од партнерот. Значи, проблемот не не се неговите бактерии, туку маратонскиот секс.
Инфекцијата поќесто се јавува почесто кај жени кои немаат деца, а некои жени се инфицираат по секој сексуален однос. Експертите велат дека ризикот од инфекција може да се намали ако пред и по сексуалниот однос се мокри, но дефинитивно треба да се посети лекар, кој ќе ви препише антибиотици. Можат да ви помогне и сокот од брусница, бидејќи тој тера на почесто уринирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


