Камион кој движејќи се закачил кабли од кабелска телевизија и телекомуникации, вчера вечер, околу 23 часот урнал неколку дрвени бандери и столбови од уличното осветлување на улицата Мoмчило Јорданоски во Охрид, јави Охрид1.
Полицијата излегла на лице место и врши увид, а очевидци за Охрид 1 велат дека чиста среќа е тоа што никој од минувачите кои пешки оделе на тротоарот не настрадале.
Уште една бандера на улицата Момчило Јорданоски се урнала од како патнички автомобил се заплеткал во каблите кои виселе над коловозот, по што ја повлекол и бандерата која се урнала на коловозот откако повеќе коли не се придржувале на повиците од насобраните граѓани, а воедно и од првиот полицаец кој бил на лице место и не можел целосно да ја контролира ситуацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.