Мажите се срамат главно за две работи – големината на машкиот полов орган и брзото завршување. Додека првото не може да се корегира освен преку хируршка интервенција, за второто има неколку тактики кои би биле од корист.
Статистичките податоци покажуваат дека околу 40 отсто од мажите имаат проблем со брзото свршување.
Момци, не правете грешка и да мислите за својата ејакулација за време на сексуалниот чин. Најдобро е да мислите за работи кои не ве возбудуваат.
Бавниот секс е исто така од значење. Одвојте доволно време на партнерката за да и дадете максимум задоволство и за да го одложите времето на ејакулација .
Може да го вклучите оралниот секс како дел од предиграта. Кога ќе почувствувате дека наскоро ќе завршите, повлечете се.
Другиот трик кој може да се применува е да имате секс во поза која не ви обезбедува максимум задоволство.
Менувајте ги позите често за да може да се одморате. Потоа, се разбира, завршете со поза која ви се допаѓа и која ќе ви помогне да свршите.
Дишењето исто така влијае на ејакулацијата. Дишете длабоко, со полни гради, полека и релаксирачки.
Кога ќе почувствувате дека наскоро ќе завршите, одморете си. Извадете го пенисот од вагината на својата партнерка и останете надвор од неа за половина минута. Тоа време ќе ви биде сосема доволно, за да ја одложите својата ејакулација.
Алкохолот исто така може да ви помогне, се додека е во разумни количини. Тој ќе ви помогне да се опуштите, да не сте под стрес и во исто време ќе ја зголеми возбудата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



